Ковачевски ќе седне на маса со Мицкоски кога ќе има теми за разговор

од Nikola Popovski
185 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва изјави дека ќе има средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тогаш кога ќе има теми за кои ќе треба да се разговара.

– Средбите со политичките парити се нормални и кога ќе има теми за кои ќе треба да се разговара тогаш нормално тие ќе се случат и кога ќе се случат јавноста ќе биде информирана. Сигурно има теми, но кога ќе се случи таква средба ќе биде информирана јавноста, рече Ковачевски во Тема на денот во Дневникот на Сител.

Ковачевски уште еднаш повтори дека Гоце Делчев е основоположник на македонската национална борба и неговите идеали  практично се реализирани со независна македонска држава во која ние денес живееме и која е членка на НАТО и на чекор е од отпочнување на преговори со ЕУ.

-Делчев е дел од македонската химна, дека неговите мошти се во Скопје и дека неговото дело не треба да се сведува на декларации, додаде премиерот запрашан зошто не беше поддржана Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Слични содржини