Треновски: Најголемиот предизвик со покачената мининална плата е јавниот сектор

од Берта Китинска
289 прегледи

Во моментов имаме економска бура.Стандардот на граѓаните сериозно беше нарушен. Потрошувачката кошница е зголемена, но од друга страна во контекст на минималната плата, треба да се постави прашањето колкава треба да е минималната плата, и како тоа да се реализира, вели Борче Треновски, универзитетски професор од Економскиот факултет во Студио 10.

Тој објаснува дека во моментов има голем притисок на скалесто зголемување на останатите плати.

– Конкретното зголемување од 18.000, блиску до 17.000 денари беше пресметаката што може Буџетот да го издржи. Приватниот сектор, околу 20 милиони евра ќе е товарот на Буџетот. Економската логика е проблемот. Има притисок во определени сектори каде нема работници, самото прераспоредување може да е проблем. Најголемиот предизвик е јавниот сектор. 130.000 административци, тоа е се околу 80 милиони евра само едноставно зголемување, тоа значи дека 22.000 административци да се вработат со минимална плата. Овие пари треба некаде да се намалат, од некаде да се земат. Скалестото зголемување треба да оди етапно. Ако му дадете поголема плата на административецот, не значи дека неговата продуктивност ќе е поголема, вели Треновски.

Слични содржини