Приведени пет лица кои киднапирале скопјанец и го држеле во деловен објект

од Nikola Popovski
450 прегледи

На подрачјето на скопската општина Карпош, на 15 февруари, полицијата ги лишила од слобода Б. П. (56), Н. П. (50), М. П. (25), С. П. (19) и О. Р. (31), сите од Скопје, постапувајќи по пријава примена од страна на 52-годишна скопјанка, според која претходната вечер Б. П. протиправно го лишил од слобода нејзиниот 56-годишен сопруг.

Инспектори од Единицата за насилен криминал извршиле претрес во деловен објект на подрачјето на Карпош, сопственост на Б. П., при што е пронајдено пријавеното лице, а сторителите се приведени.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.