Корупцијата кај нас е прифатена како состојба на умот, вели Ивановска

од Nikola Popovski
340 прегледи

Корупцијата е состојба на умот и така е прифатена во општеството како нешто нормално, што е навистина лошо. Не можете да ја прифатите така, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Ивановска потенцира дека сите треба да придонесат за искоренување на корупцијата.

-Ме радува фактот што граѓаните веќе го знаат тоа и им пречи и се повеќе отворено реагираат. Од друга страна лошо е корупцијата изби на прво место во државата, констатира претседателката на ДКСК.

За укинатата пресуда за случајот со екс-судијата Владимир Панчевски и неговото излегување од затвор, Ивановска вели:

-Нели судски одлуки не се коментираат… Сепак тоа е Врховен суд и така одлучил. Панчевски беше на црната листа на Стејт Департментот, но тоа е тоа, оценува Ивановска.

Слични содржини