Тимот на Ферари го претстави својот нов болид Ф1-75, со кој Шарл Леклер и Карлос Саинц ќе се натпреваруваат во сезоната 2022 година.
Болидот, кој е изграден според целосно новите правила на Формула 1, вклучува сосема поинаков распоред на страничните доводи за воздух. Тие имаат голема вдлабнатина веднаш на почетокот, која има за цел да го насочи протокот на воздух кон задното крило на автомобилот.
Покрај тоа, предниот нос на Scuderia, исто така, има интересно решение, бидејќи исклучително непречено се спојува со елементите на предното крило.
New season, new challenges and a fresh reset 💪#essereFerrari 🔴 pic.twitter.com/R9fdy32jf1
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) February 17, 2022
Желбата на инженерите во Маранело се овие одлуки да им овозможат на Леклер и Саинц да се борат за титулата, која доколку биде освоена ќе биде прва за тимот од онаа на Кими Раиконен во 2007 година. Последен пат Скудерија триумфираше кај конструкторите во 2008 година, кога наградата за пилот му припадна на Луис Хамилтон, кој возеше за Мекларен.
За бојата, Ферари се врати во 80-тите и 90-тите години на минатиот век и ги обоија крилата црно. Остатокот од автомобилот е во традиционалното за Ферари црвено.
Предсезонските тестови во Формула 1 за 2022 година започнуваат на 23 февруари на патеката „Каталонија“ крај Барселона. Тестоите во Шпанија ќе траат три дена, по што тимовите ќе се упатат во Бахреин на уште еден тридневен тест помеѓу 10 и 12 март.
Стартот на сезоната 2022 со трката за Големата награда на Бахреин ќе биде даден на 20 март.