Адвокатот Александар Бежовски вели дека не е можно најблиските соработници на Груевски да не се виновни.
-Вие 11 години да слушате и да правите такви гадости какви што слушнавме во снимките, не може да сте невини, вели Бежовски за Утрински Брифинг.
Адвокатот вели дека добро го познава и Груевски и коментира дека со признанието за вина во случајот Титаник на некои од врхушката на Груевски го бетонираат неговото враќање.
-Груевизмот не само што е жив во партијата, тој е жив и во општеството. Јас му реков и на амбасадорот Рикер дека она што го прават или не прават придонесува за формирање мафија во оваа држава, вели Бежовски.
Тој вели дека луѓето кои сега се во затвор, а учествувале во настаните од 27 април, сега се свесни дека биле изманипулирани од таа врхушка преку мистична, добро спакувана прикаска.
-Денес Македонија е пофункционана демократија, но СДСМ сѐ уште се една затворена структура и треба да се прашаат дали можат да го победат ВМРО-ДПМНЕ на избори, вели Бежовски кој е критичар и на актуелните власти.