Ковачевски- Курти: Следува период на интензивирање на соработката и во полето на енергетиката

од Берта Китинска
156 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски преку својот Фејсбук профил информираше дека оставрил средба со својот колега од Косово Курти.

-Како добри пријатели и соседи со Косово, постојано ги унапредуваме односите без отворени прашања. Со премиерот на Косово, Курти на денешната средба разговаравме за постигнатите резултати по првата заедничка седница на владите и конкретизирање на интересот за отворање “One Stop Shop” на границата меѓу Северна Македонија и Косово. Економската соработка пак е дополнителен поттик за натамошно унапредување на билатералните односи. За двете земји следува период на интензивирање на соработката и во полето на енергетиката, напиша Ковачевски.