Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје од направени 2.808 тестови, регистрирани се 905 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 468, Битола – 57, Кавадарци – 43, Велес – 41, Куманово – 38, Тетово – 32, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Радовиш – 16, Гевгелија и Неготино – по 15, Штип – 14, Кичево – 13, Ресен – 12, Свети Николе – 11, Струга – 10, Гостивар – 9, Дебар – 7, Кочани – 6, Валандово – 5, Крива Паланка, Берово и Виница – по 4, Богданци и Демир Хисар – по 2, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (905), регистрирани се 161 реинфекции.
Регистрирани сe 1.565 оздравени пациенти од: Скопје – 970, Куманово – 89, Тетово и Прилеп – по 58, Кавадарци – 57, Битола – 47, Струмица – 31, Велес – 28, Кочани – 24, Неготино – 21, Охрид – 20, Гевгелија и Штип – по 18, Гостивар – 14, Кичево и Струга – по 13, Крива Паланка – 12, Радовиш – 11, Богданци – 9, Македонски Брод – 7, Берово – 6, Свети Николе – 5, Ресен, Виница, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 4, Дебар, Валандово и Демир Хисар – по 3, Крушево и Македонска Каменица – по 2, Кратово, Пробиштип и Дојран – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.862.041 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 291.820, бројот на оздравени пациенти е 274.808, на починати е 8.869, а бројот на активни случаи изнесува 8.143.