462
Полицијата информира дека скопјанка била донесена на Градските клиники во Скопје откако прво дома се породила со мртов плод.
-На 17.02.2022 во 12.25 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на Клиниката за гинекологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза” била донесена 29-годишна пациентка од Скопје, која претходно во домашни услови се породила со мртво бебе.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, појаснуваат од МВР.