Потпишан е указот за општа мобилизација во самопрогласената Доњецка Народна Република и Луганск.
Народниот совет на Република ДНР го одобри документот. Има повик за упис во воените комесаријати. Организацијата и трошоците за мобилизирање на населението се финансирани од властите во самопрогласената република. Ситуацијата на линијата за контакт и понатаму е тензична.
Синоќа најмалку пет населени места во областа Доњецк биле нападнати од украинските сили, соопштија локалните жители. Продолжува евакуацијата на цивилите во насока Русија.
Колона автобуси рано утринава тргна од Доњецк. Има информации и за напади врз населени места во Луганската Народна Република. Доцна синоќа таму беше кренат во воздух гасовод. Според локалните власти, станува збор за саботажа.
Последиците од експлозијата се контролирани.