204 сообраќајни прекршоци во Скопје, 65 за брзо возење

од Vladimir Zorba
385 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 42 мерки за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се 11 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за возење под дејство на алкохол, седум санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 46 за непрописно паркирање.