342
Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче ќе има лично обезбедување, потврдија од министерството за внатрешни работи.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека обезбедувањето не е дадено по барање на Филипче, туку дека е засновано на законски одредби за обезбедување на личности и објекти врз база на безбедносни проценки.
„Врз основа на тоа се определени мерки и активности“, велат од МВР.
Самиот Филипче изјави дека немал закани и дека се работи за проценка на надлежните органи.
„Не е вистина дека сум имал закани по живот, ниту дека сум барал обезбедување и возач. Обезбедувањето ми е продолжено според проценка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на уште шест месеци“, изјавил Филипче за „Фокус“.