Ковачевски: Поради неодобрувањето на преговарачката рамка, Северна Македонија и Албанија губат драгоцено време

од Берта Китинска
195 прегледи

Премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски, во рамките на официјалната програма на годинешната Минхенска безбедносна конференција, имаше свое обраќање на дебатата на тема „Не гледај раздвоено – Цртање на пат за ЕУ и Западен Балкан“ („Don’t look decoupled – Charting a Path for the EU and Western Balkans“).

Покрај премиерот, панелисти на оваа тематска дебата беа и премиерот на Албанија Еди Рама, потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Шмит.

-Членството во Северно-атлантската алијанса е остварување на една од нашите најважни стратешки цели, преку која континуирано обезбедуваме сигурност, стабилност и безбедност за државата и за граѓаните.Членството во НАТО е израз на нашиот суверен избор и нашата силна општествена согласност да станеме целосно интегрирани во демократскиот свет.Наша еднакво важна стратешка цел, покрај членството во НАТО, е секако членството во ЕУ, кажа Ковачевски.

Тој напомена дека Западниот Балкан функционира како систем на поврзани садови, односно кога има напредок во една земја, тоа е поттик за напредок кај другите соседи.

-Блокадата на оперативниот почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија со ЕУ се чувствува низ целиот регион како сериозен удар врз довербата кон Унијата. Поради неодобрувањето на преговарачката рамка, Северна Македонија и Албанија губат драгоцено време. Но, поголемото прашање е што губи Европската Унија во овој случај.Кредибилитетот на ЕУ е ставен под знак прашање.Затоа ЕУ мора да најде формула како да го одржи зборот и да продолжи со проширувањето на Западен Балкан. Европската Унија има обврска да покаже на дело дека процесот на проширување на Западниот Балкан е жив. Да внесе оптимизам дека европските вредности и принципи се сѐ уште реалност.Ние со Албанија и Србија не стоиме во место кога е во прашање европеизацијата на нашите држави и општества. Постојано бараме начини за внесување европски стандарди и за олеснување и подобрување на животот на нашите граѓани, кажа Ковачевски.