„Изгубив 25 КИЛОГРАМИ и веќе не ме болат зглобовите“: ДИЕТА која буквално ќе ве СТОПИ, без гладување!

од Vladimir Zorba
1,7K прегледи

Диета и потоа гоење, бременост па диета, па пак дебелеење…ова е приказна која им е позната на многу жени.

Токму така Деби Хофман страдала од вишокот килограми, а таа варирала со тежина и по 25 килограми.

А потоа во третата бременост се здебелила дури 50 килограми и почнале првите болки во зглобовите. Како што изјавила за американскиот магазин „Women’s World“, лекарите откриле ревматоиден артритис како и склеродерма, автоимуна болест која влијае на кожата и внатрешните органи.

Таа упорно барала нов начин за слабеење, а потоа нејзината ќерка и предложила „пробиотска диета“. Менито било прилично едноставно, но – покрај вообичаените витамини – се зема пробиотици во капсули или чаша јогурт дневно.

Исто така, важно е да се јаде пребиотска храна, како што се мешунките или бананите.

Пример за мени:

Појадок – јајца (подготвени по желба), зеленчук (на пример, кромид или пиперки), чаша јогурт и чинија бобинки.

Ручек – мешана салата со варено пилешко, варени мешунки (грав или боранија), чинија варена киноа.

Вечера – печена риба, варен компир или карфиол прелиен со маслиново масло, растително млеко по желба.

Диетата вклучува две мали закуски дневно – комбинирајте банана, јаболко и јаткасти плодови.

Деби успеала многу брзо да ослабе пет килограми, што наеднаш и ја зголемило самодовербата и вербата во новиот план на исхрана. Помалку ја мачел гладот, била порасположена. Вели дека и болките се намалиле. За три месеци успеала да изгуби речиси 25 килограми.

„Најмногу се придржувам до менито, околу 80 проценти, би рекла. Во други случаи, си давам малку „оддишка“. Ја задржувам истата тежина и зглобовите повеќе не ме болат“, вели таа.

Слични содржини