Ние имаме вкупно 60 дипломатско-конзуларни претставништва од кои околу 40 се амбасадори, а другите се мисии и Генерални конзулати. Од нив се 15 дипломати од кариера, кажа денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Тој додава дека во претходните години биле испраќани луѓе кои претходно работеле во фирми за лекови, чоколади, детски градинки.
„Конзул во Солун а потоа и амбасадор бил директно земен од фирма за лекови. Генерален конзул во тој период преземена од детска градинка. Генерален конзул во Торонто со Факултет за физичка култура преземен од Агенција за млади и спорт. Амбасадор во Загреб имал Факултет за шумарство, а претходно управител на старечки дом. Амбасадор во Абу Даби, претходно бил вработен во фабрика за чоколадо. Амбасадор во европска земја, претходно искуствопридружба на сопруг-амбасадор. Амбасадор во Анкара бил преземен од Македонски пошти“, вели Османи.
Османи воедно денеска нагласи дека 12 луѓе веќе ја информирале амбасада дека се вратиле во државата, како и дека минатата недела пуштиле апел да се користат се уште присутните комерцијални летови за да може да се вратат во Скопје.
Според Османи, останува отворено прашањето за нашите 30 набљудувачи во рамки на мисијата на ОБСЕ.
Останува прашањето на 30-те наши набљудувачи во рамките на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, некои земји ги имаат повлечено – САД, Канада, Велика Британија, а Данска и Холандија ги имаат дислоцирано на побезбедна локација. Нашата позиција е малкуи поспецифична, затоа што ние сме дел од претседавањето со ОБСЕ и се разбира повеќе внимаваме какви пораки ќе дадеме по однос на мониторинг механизмите на ОБС, меѓутоа сме во комуникација со нашите луѓе во мисијата и сум во комуникација со генералниот секретар на ОБСЕ. Се слушнав во петокот со госпоѓа Шмит, а очекувам денеска повтонро да да имаме разговор, како и со Полска и на Шведска, изјави Османи.
Тој нагласи дека се во координација за формирање на Мисија за утврдување на факти во рамки на тојката претседавачи, а по повикот на украинскиот МНР.
Ние сме во координација кој би бил мандатот на таа мисија, на кое ниво би се отишло таму, дали на министерско, дипломатско или воено-експертско ниво. Сите тие координации ги правиме заедно со партнерите во рамки на тројката претседавачи, изјави Османи.