Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва по повод актуелната ситуација во Украина изјави дека политичките притисоци врз Србија ќе бидат поголеми од било кога.
Вучиќ во интервју за ТВ Пинк изјави дека е загрижен и дека нивната позиција не е лесна.
„Сега има многу предизвици од политичка, безбедносна и економска природа. Политичките притисоци ќе бидат поголеми од кога било. Само во последните три дена тоа што го доживеав ги потврдува моите зборови. Поминав низ разни видови на притисоци, но она што го доживеав во претходните три дена и тоа што следи едноставно нема да биде воопшто“, рече Вучиќ.
Тој рече дека по потпишувањето на указот од Путин за признавање на самопрогласените републики Луганск и Доњецк, комплетната безбедносна архитектура на светот се урива.
„Никој не може да предвиди како некој ќе се однесува. Што се однесува до нас, нашата посветеност на мирот мора да биде цврста. Како врховен командант издадов наредба во секое време да бидеме подготвени на најдобар можен начин“, објасни Вучиќ и додаде:
„Но, во политичка смисла, мора да работиме многу, мирот повеќе не е нешто што е имплицитно. Затоа мораме да работиме напорно за да обезбедиме безбедност.
Вучи напомена дека ова е моментално најкомплицираната ситуација за нашите современици и тешко дека ќе биде посложена во следните десет години.
„Мислам дека светскиот поредок се менува на овој начин“, рече Вучиќ.