411
Младиот српски ракометар Стефан Додиќ денеска потпиша за Вардар до крајот на сезоната.
-Стефан Додиќ е новиот ракометар на Вардар 1961. Во Скопје ќе остане до крајот на оваа сезона, беше напишано на Фејсбук страницата на македонскиот ракометен шампион.
Станува збор за 18-годишен талентиран среден бек, кој во Вардар доаѓа од Охрид, каде минатото лето се пресели од скопски Металург, каде ги мина речиси сите млади категории.
Додиќ (194 сантиметри, 90 килограми) од ноември минатата година има договор со полскиот тим Киелце, кој важи од сезоната 2022/23, а дебитираше и за сениорската репрезентација на Србија.
Фото: Starsportphoto