Барселона има план „Б“ ако не успее со Халанд

од Vladimir Zorba
311 прегледи

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта направи многу за да го привлече Ерлинг Халанд. Евентуален трансфер на Норвежанецот ќе биде од големо значење не само во спортот, туку и во однос на клупската позиција надвор од теренот.

Затоа, иако Каталонците се уште не ги надминале финансиските проблеми, овој трансфер се смета за многу важен стратешки потег.

Сепак, конкуренцијата за Халанд е жестока, а минатата недела се појави информација дека таткото на напаѓачот на Борусија (Дортмунд) веќе потпишал договор со кој Реал Мадрид е во водечка позиција во битката за голгетерот. Сето ова значи дека нема да биде големо изненадување доколку Барселона не успее да ја оствари својата голема цел.

Доколку Халанд сепак биде привлечен, тоа значи дека преодниот рок практично ќе биде затворен и Барселона ќе се обиде да привлече само одбранбени играчи кои ќе бидат земени како слободни играчи.

Сите други напори ќе бидат насочени кон балансирање на финансиите по ваквата спектакуларна зделка. Меѓутоа, доколку мисијата за Халанд се покаже невозможна, тогаш Барселона има друг план и тоа е да привлече најмалку двајца врвни играчи кои можат да направат разлика и значително да го засилат тимот во нападот и одбраната.

Според Спорт, целите се веќе идентификувани. Тоа се Александар Исак и Жил Кунде. Двајцата играчи ќе имаат многу понуди во текот на летото, а со нив се поврзуваат и многу премиерлигаши, но каталонскиот весник тврди дека и Швеѓанецот и Французинот претпочитаат да се преселат во Барселона.

Слични содржини