Бранителот на обвинетиот Томе Ѓурчиловски, адвокат Часлав Станоевиќ, во своите завршни зборови во случајот „Топлик“ истакна дека од исказите на сведоците може да се заклучи дека Комисијата за јавни наддавања не изготвила и не доставила објава за јавно надавање, туку тоа го има направено Министерството за транспорт и врски.
Aдвокатот на обвинетиот Димитар Димовски, бранител Панче Тошковски, во своите заршни работи посочи дека во овој кривично – правен предмет нема штета на државниот буџет.
– Затезна каматa и штета се различни поими. Ако се водиме од ова гледиште секој функционер треба да одговара. Никоја иституција во овој случај нема побарано оштетно побарување, рече адвокат Тошковски.
Обвинителот Бурим Рустеми на минатото рочиште побара од Судот обвинетите да ги прогласи за виновни за „злоупотреба на службена положба и овластувања“ и им изрече ефективни казни, со оглед на степенот на кривична одговорност и последиците од делото, како и фактот дека воопшто не изразиле каење во текот на постапката.
Во случајот „Топлик“ првообвинет е ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој заедно со уште пет лица од министерството Томе Ѓурчиловски, Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Веса Томчевска, кои биле членови на Комисија за јавни наддавања, се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања.Предметот, кој беше отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство се однесува на продажба на градежо земјиште за изградба на населбата „Сончев Град“ во Сопиште.