Левица „навива“ за војна во Украина

од Vladimir Zorba
397 прегледи

Клучните луѓе на политичката партија Левица преку социјалните мрежи упатија пораки дека поддржуваат воен конфликт во Украина и нарушување на мирот во Европа. Тие славејќи го рускиот лидер, Владимир Путин, изразија желба за пад на западниот свет.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев изрази поддршка за рускиот лидер Владимир Путин, поврзувајќи ја ситуацијата во Украина и формирањето на нови републики со ситуацијата во Косово.

За нов светски поредок и контра НАТО пишуваше и членот на президиумот на Левица, Реџеп Исмаил кој цитирајќи го Догу Перинчек напиша дека Атлантскиот блок станува минато и дека доаѓа ерата на азиската унија.

Со повици за војна и крвопролевање се огласи и пратеникот на Левица, Борислав Крмов кој со цитат од Шекспир повика да има војна, будна, звучна и полна изблици.