Попоски: Македонија е во рангот на Финска и Шведска во почитување на правата на малцинствата

од Nikola Popovski
260 прегледи

Нашиот став во тоа време беше компромис од нашата страна и компромис од бугарска страна. Бугарите не сакаше да направи отстапки и затоа не го потпишавме договорот, рече поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Според него, сегашната влада го потпишала Договорот за добрососедство, а не ги затвориле отворените прашања.

-Проблемот е доколку бугарските историчари им држат лекции на нашите и им велат дека морате да прифатите тоа и тоа, дека сте учеле погрешно. Мешовитата историска комисија сама по себе е добра работа, но доколку се разговара од двете страни, а не се наложува. Опасноста е дека го прифативме бугарскиот став. Ако имате чесни намери, мора да се држите до правилата тогаш, вели Попоски.

Екс-министерот додава дека најмала работа што може да ја направи Бугарија е да ги почитува правата на македонската заедница во нивната земја.

-Нивните права се кршат после 10-тина пресуди. Во Македонија никој не ги оспорува правата на заедниците. Ние имаме и таков Устав. Ние сме една од земјите, на рангот на Финска и Шведска по почитувањето на правата на заедниците и малцинствата. Се плашам дека можеме да ги внесеме Бугарите во Уставот, а да не влеземе во ЕУ, вели Попоски.

Слични содржини