Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ информира одлуката за враќање на бремените жени на работа е донесена според научни докази.
-Бремените треба како приоритет да ја сфатат вакцинацијата со цел да го заштитат сопственото здравје, затоа што бременоста во ковид-пандемијата е дополнителен ризик и за нивното здрвје. Вакцината треба да биде првиот избор, рече докторот во гостувањето на емисијата „Само вистина“.
Според него, сега научните студии се согласни дека бремените жени треба да се вратат на работа.
-Релевантните научни институции силно препорачуваат да има вакцинација кај бремените жени. Според податоците на Институтот за јавно здравје, минатата недела 1406 жени се заразиле со коронавирусот, а 9 од нив починале, информира д-р Мехмедовиќ.