САД „удри“ и по рускиот спорт: Санкции за ЦСКА Москва

од Nikola Popovski
428 прегледи

Рускиот фудбалски клуб ЦСКА од Москва се најде под американски санкции поради тоа што се во сопственост на ВЕБ банката, соопшти американското Министерство за финансии, пренесува рускиот медиум „Лента“.

Претходно американскиот претседател Џо Бајден најави воведување санкции против Русија поради ситуацијата во Украина. Министерството за финансии го потврди воведувањето санкции против руските банки ВЕБ и Промсвјабанк, кои се окарактеризирани како блиски до Владимир Путин, како и нивните блиски компании, кои се 42 на број.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за признавање на самопрогласените Доњецката Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР). Путин потпиша и договори за соработка со лидерите на ДНР и ЛНР, на што САД одговорија со санкции.

Слични содржини