Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека и Северна Македонија ќе биде дел од санкциите на ЕУ против Русија.
Тој нагласи дека од овој конфликт требало да се стравува уште пред две години, откако не бевме дел од НАТО.
„Руско-украинскиот конфликт ќе влијае на импликацијата на гасот и нафтата и во Европа ќе има зголемување на цените. Исто така, сакам да додадам дека ние како држава сме дел од санкциите на ЕУ кон Русија и 100% сме во хармонизација со Европската Унија“, рече Османи во емисија „200“ на ТВ Алсат .