388
Во екот на кризата во Украина, американската амбасада во Киев објави фотографија поставена на Твитер на која ја „именува“ Москва.
На фотографијата се прикажани голем број манастири и цркви од Киев кои потекнуваат од 10 и 11 век, а под нив е истата фотографија од шума на која пишува „Москва“ во истиот период.
— U.S. Embassy Kyiv (@USEmbassyKyiv) February 22, 2022
Пораката што сакаа да ја испратат е јасна, дека Киев е многу постар од Москва и затоа Украина е постара од Русија.
Сепак, интересен е моментот кога е објавена пораката. Фотографијата е објавена по говорот на рускиот претседател Владимир Путин, во кој тој вели дека модерна Украина е создадена од Русија, а со тоа го поткопува суверенитетот на таа земја.