Лев Тахор: Македонија е прекрасна земја, не сме терористи ниту шпуини

од Nikola Popovski

Непотребно се создава омраза против нас. Македонија е прекрасна земја и народот е добар, независно што поединци негативно реагираат, вели една од членовите на еврејската група „Лев Тахор“ во изјава пред медиумите во охриското село Горно Лакочереј, каде што се сместени.

-Целта ни е да ги посетиме синагогите, гробиштата и други културно историски споменици на еврејската заедница. Потрошивме многу пари, а не исполниле ниту еден од плановите за посета. Немаме планови да бараме никаков постојан престој, тука сме привремено, имаме дозвола од тримесечен престој, а немаме намера да останеме тука повеќе од еден месец, рече таа.

Таа категорично ги исклучи обвинувањата дека се шпиуни, ниту терористи.

– Не бевме протерани од БиХ, тоа се само медиумски шпекулации, наш избор беше да заминеме оттаму согласно плановите, за потоа да дојдеме тука. Моментално немаме постојан престој, во потрага сме по земја каде ќе ни биде дозволено да ги практикуваме нашите човечки права и религиозни слободи, како што е запишано и во библијата. Во меѓувреме транзитираме, не знаеме кога тоа ќе се случи, но засега немаме планови за постојана дестинација, рече таа.

Реагираа и од Еврејската заедница, потенцирајќи дека групата од 38 члена има регуларен престој во земјава, дека се облечени во својата традиционална облека и дека повеќе од половината се жени и деца и оти е неразбирливо што се случува неверојатен говор на омраза, но и антисемитизам и ксенофобија.

-Никогаш Евреите во Македонија, не се судриле со таков антисемитизам, ксенофобија и јазик на омраза, кој може да предизвика несогледиви последици, се нагласува во реакцијата.

Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи информира дека групата „Лев Тахор“ немаат третман на верска група.

-Тоа што се молат во рамки на куќите и хотелите каде што претстојуваат е приватна работа и дел од нивното право. Сепак тие се само група на странски државјани и тоа е фактичка состојба. Мета на дискриминација е нивниот надворешен изглед, што е најпримитен облик на дискриминација. Стапив во контакт со МВР и добивам информациите за нивната безбедност и безбедноста на нашите граѓаните. Сакам да потенцира тие се мирољубива група и нема цел за делување во нашето општество. Нивната безбедност говори за нас како општество. Лошо реагираме и тоа е така затоа што на граѓаните им делува чудно, кажа Сотировски во гостување на емисија.

Од МВР официјално беше соопштено дека членовите на групата имаат легални патни исправи и одобрен привремен престој во Македонија.

– Групата не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите, соопштија од МВР, а од охридската полиција со информација дека нема ниту пријава, ниту поплака за нивниот престој на територијата на Општина Охрид.

Слични содржини