„Различноста е она што го одликува секое општество“: Зошто „Лев Тахор“ станаа несакани гости?

од Vladimir Zorba

За едни мирни и љубезни, за други лица кои сеат страв, припадници на еврејската група „Лев Тахор“ по доаѓањето во земјата наидоа на омраза и навреди.

Кумановчани возменирано објаснуваа дека станува збор за чудни посетители и дека не се добредојдени во нивниот град по големите навреди и закани групата беше преселан за картко во Скопје па оттаму во охридското село Лакочереј каде повторно наидоа на отпор  и неприваќање од страна на дел од жителите .

Никој од нас не треба да се плаши или вознемирува од различностите, бидејќи различноста е она што го одликува секое општество и светот во целина. Случајот со групата „Лев Тахор“ е моментален и се надевам ќе има позитивен исход за сите, но важно е да се потенцира дека нашето општество и после овој случај останува пред дилемата дали ќе започне со применлива стратегија како ќе се менуваме и градиме инклузивност помеѓу себе или, пак, ќе продолжиме како и досега без промени и подобрувања кои се од интерес на целото наше општество, вели во разговр за „Локално“, комуникологот Бојан Кордалов.

Тој објаснува дека може да ги земеме како пример големите држави од Европа или, пак, САД или Канада, кои во себе обединуваат луѓе со многу различни етникуми, раси, вери, култури, родов идентитет, сексуална определба, посочувајќи дека тоа е една од причините таквиот мултикултурен или граѓански пристап да ги прави  овие земји да бидат најпосакувана дестинација за туризам, студирање, работа, живеење на огромен процент од младите ширум светот, секако вклучувајќи ја и нашата младина.

Дискриминацијата која ја правиме, ќе ни ја развива постојано емпатичноста… 

Овој антисемитизам искажан од страна на дел од наши граѓани би можел да влезе во некои извештаи на Меѓународната заедница, смета Кордалов објаснувајќи дека во овој момент потребна е конкретна акција и преземање на активности кои ќе не направат многу поотпорни на стереотипизирањето и ќе овозможат да ја препознаваме дискриминацијата која ја правиме.

-За мене како човек и комуниколог отсекогаш била многу поважна реалноста и како таа да ја направиме поубава за сите, отколку што некаде ќе биде запишано.Бидејќи сме виделе и сведочеле на многу извештаи, документи и стратегии кои со децении или никогаш не вродиле со плод да се менуваат работите на подобро.Потенцирам, без присилување, без вршење на дискриминација, туку со позитивен наратив, со многу теренска едукација и првенствено со давање на конкретни и лични примери од страна на јавните институции и нивните први луѓе.Само со личен и показен пример може да се искомуницира и да започне патот кон прифаќање на промената на подобро на личен план, а со тоа и на целото македонско општество, објаснува тој.

Кордалов посочува дека за да се стигне до адресирањето на овие типови на дискриминација кои се еднакво важни како и останатите несомнено треба да се работи.

-Дали сметате дека секаде низ Македонија се прифатени еднакво децата од еднородителски семејства? Дали мислите дека на лицата со попреченост им е овозможен еднаков пристап и можности како што секоја индивидуа заслужува? Дали мислите дека булингот во училиштата или врсничкото насилство преку интернет и денес во многу случаи не се базира на тежина, висина, носење очила, постигнат подобар или полош успех и сл? На крајот на краиштата, дали мислите дека деца кои одат во училиште, а чии родители во моментот се разведуваат денес конечно се поштедени од дискриминација или, пак, дел од наставниот кадар и родители сеуште по ходниците гласно шепка и раскажува детали за бракот и разводот на родителите на тие деца додека тие оттаму поминуваат?Дали сметате дека дискриминацијата по социјална основа или кој каква облека, бренд, технологија има е завршена за македонското општество?

Токму одговорот на овие дилеме води кон тоа дека случајот со групата „Лев Тахор“ треба да ни ги отвори очите за да преземеме нешто кое е од интерес на секој од нас. Да градиме општество во кое секоја индивидуа е еднакво вредна, ги има и ужива сите права кои потенцирам дека се добиваат со раѓањето, подвлекува комуникологот.

Според него со овој случај треба институциите да си ја извршат својата задача со брза демократска постапка за утврдување на казнивост за секој кој ги прекршил законите и едно од најважните работи кој тој ги посочува за нашето општество се неизедначување на жртвата на дискриминација, напад, насилство… со причинителот на дискриминацијата или насилникот.

Како да се разбијат предрасудите на граѓаните кон лицата кои имаат различни верувања од другите? 

Ако процесот на комуникација и стекнување на претстава за сѐ што е „различно“ кај другиот не започне правилно уште во домот и семејството на детето или, пак, доколку таа позитивна комуникација не се интензивира во градинките и училиштата, тогаш нема децата (подоцна и како изградени возрасни личности) да разберат што е различност, а камоли како истата да се прифати или сфати дека е богатство за секого, вели комуникологот.

Тој посочува дека потребно е да се вложува еднакво во сите граѓани и граѓанки со цел да се надминат економските неедднаквости кои постојат низ целата земја, потсетувајќи дека имаме огромен број на места без канализација, над 600 илјади луѓе кои живеат под линијата на сиромаштија, нееднаков квалитет и услови за образование кои се разликува од место до место итн.

-Тоа создава нееднаквост од најшироки размери и дополнително го поткопува градењето на здраво инклузивно општетсво, односно не прави завистни, склони кон омраза и дискриминација итн.Друго, потребно е да ги отвориме очите и да ги прифатиме различностите кои со отсекогаш се присутни околу нас. За таа цел, државата мора да има јасна антидискриминациска стратегија или уште подобро, јасна стратегија за инсклузивност на секоја индивидуа. Со конкретен пример, секоја институција треба да демонстрира јасен план и спроведување на отвореност во својата работа кон секого, како и комуникација која е сензибилизирана на јазик кој буквално никого нема да навреди, повреди, односно дополнително ќе направи секоја индивидуа да се чувствува еднакво вредна каква што во реалноста е, смета тој.

Според него могу важно е да се зборува на овие теми, но преку  пример како треба да се сослушаат и уважат сите различни мислења, а потоа со отворен ум да се разговара.

-Секогаш потенцирам, а тоа би сакал да го направам и тука, дека единствено не смее да има место за мислења полни со говор на омраза, дискриминација, навреди кон кој било поединец или група.Трета работа, наметнатите стратегии за реформи и промени колку и да се добронамерни мора да запрат бидејќи дополнително поларизираат и уште повеќе „ги мотивираат“ луѓето кои дискриминираат или стереотипизираат да го прават тоа со уште посилно темпо. Ова се однесува како препорака и за сите оние јавни функционери или институции кои во својата комуникација директно или индиректно ги двојат луѓето на „свои и туѓи“, „прогресивни и заостанати“, „послушни/лојални и останати со разни имиња“ итн.Ако до сега не сфативме дека одењето контра овие препораки само дава крајно спротивен ефект и го прави нашето општество уште помалку толерантно и отворено, не знам што друго треба да се случи за да го разбереме тоа, односно не верувам ни дека овој случај тоа би го променил, објаснува Кордалов.

„Лев Тахор“ не претставува никаква опасност, полицијата ги бара заканувачите 

Од МВР во изјава за „Локално“ посочуваат дека  групата ги почитуваат законите на Република Северна Македонија.

-Тие се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава.
Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите, посочуваат од министерството.

Жена од Охрид  на Фејсбук ширела расистички и ксенофобичен содржини 

На (22.02.2022) полициски службеници од СВР Охрид извршија службен разговор во СВР Охрид со В.С. (38) од охридско, која во текот на (21.02.2022) на социјалната мрежа Фејсбук поставила содржина со која  извршила кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по член 394-г од КЗ.

При разговорот со полицијата В.С. изјавила дека таа во текот на вчерашниот ден ја поставила содржината, а денеска самата ја избришала. По целосно документирање на случајот до ОЈО Охрид ќе биде поднесена кривична пријава по член 394-г од КЗ.

Верниците се противат на државното уредување  

Групата од 37 луѓе, од кои половината се малолетни деца, ретко излегуваат надвор, иако имаат легален привремен престој во земјава во Горно Лакочереј ќе остана до 6. март,, но под услов да не се движат подалеку од хотелот.

Во оваа групата членуваат американски, канадски, белгиски и државјани на земји од Јужна Америка, таа пред три недели престојувала во Босна и Херцеговина, каде што исто така биле пречекани со недоверба и непријателство од локалните жители, по што дошла во Македонија.

Како што изјавија самите, членовите на групата не планираат да останат во земјава, туку да продолжат. Тие во изминатава година престојувале и во САД, Канада, Израел и во Романија.

„Лев Тахор“ („Чисто срце“) е еврејска религиозна група основана во 1988 која брои 250 членови. Верниците се противат на државното уредување од верски причини, поради што живеат по свои правила во верба дека човекот може да го спаси само господ.

Б.М.

Слични содржини