БОДОВИТЕ ОСТАНУВААТ ВО СКОПЈЕ: Вардар му врати на Загреб!

од Nikola Popovski
374 прегледи

На многу сличен начин на кој ППД Загреб го победи Вардар во првиот дел од сезоната, македонскиот шампион пред своите гледачи го совлада големиот ривал со 20:19.

Со освоените два бода, Вардар е многу блиску до пласман во следната фаза од елитното натпреварување, откако на две кола пред крајот на групната фаза е на петтото место со бод повеќе од Елверум и ППД Загреб.

Како што „плинарите“ го свртеа натпреварот во Загреб во последните минути, така Вардар дојде до огромна победа во СЦ „Јане Сандански“. Одлучи серијата 4:0, со која домаќинот од 16:17 заостанување во 55. минута, дојде до 20:17 на две минути пред крајот.

Се чинеше дека предноста е недостижна, но кардиналната грешка на Оливие Њокас им даде шанса на гостите да освојат бодот за спас. Сепак, не успеаја да се организираат доволно добро за десет секунди колку што траеше последниот напад, па така шутот на Вистороп од девет метри по истекот на времето заврши во живиот ѕид.

Њокас и Талески со по четири гола беа најефикасни во победничкиот табор, додека Борко Ристовски кој бранеше само во второто полувреме забележа шест одбрани. Кај поразените Чупиќ и Лејметер завршија со по три погодоци, а двата голмани Славиќ и Ивиќ забележаа вкупно девет одбрани.

Слични содржини