Рангник разочаран од играта на Јунајтед во првите 45 минути

од Vladimir Zorba
354 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, изрази големо разочарување од натпреварот на „црвените ѓаволи“ во првото полувреме против Атлетико Мадрид во 1/8-финалето од Лигата на шампионите (1-1).

Шпанскиот тим водеше до 80. минута, кога Манчестер Јунајтед ремизираше.

„Не знам дали го спасив натпреварот, но по првото полувреме нашата игра можеше само да биде подобра. Не ми се верува што видов во тие 45 минути. Игравме без самодоверба, без агресија, затоа имавме проблеми. По паузата се претставивме подобро, ја контролиравме топката и да останеа уште 10 минути веројатно ќе победевме. Но, тоа не го крие моето разочарување од првото полувреме. Игравме само на нашата половина, а против тим како Атлетико не треба. Во реваншот ќе излеземе пред 75.000 наши навивачи и ќе делуваме со поголема самодоверба“, прокоментира Рангник по мечот.

Слични содржини