Пари Сен Жермен направи уште еден обид да го продолжи договорот со својата ѕвезда Килијан Мбапе, но повторно наиде на негово одбивање, пишува „Марка“.
Според изданието, последниот предлог на клубот бил Мбапе да избере каква плата ќе зема, а оттаму биле подготвени да му платат повеќе од 90 милиони евра бруто, колку што била и понудата, на која напаѓачот не се согласил во август минатата година. Му ветиле и силен спортски проект. Сепак, тој ја одбил и оваа понуда на клубот. Идејата на раководството беше францускиот репрезентативец повторно да потпише две години со обврзување дека нема да го спречат доколку сака да замине по Светското првенство во 2022 година.
Весникот додава дека и покрај неговата неизвесна иднина, Мбапе останува целосно фокусиран на своите настапи на теренот, со намера да му помогне на својот тим да ја преброди четвртфиналната пресметка со Реал Мадрид во Лигата на шампионите и да продолжи да се бори за трофејот на турнирот.