Црниот ковид-биланс во држава во последните 24 часа покажува дека 6 лица ја загубиле битката со тешката болест. Две починати лица се од Скопје (75г и 91г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Кавадарци (70г), Струга (81г) и Прилеп (67г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Свети Николе (1), и Радовиш (1). Починатите лица се на возраст од 74г. до 92г. Лицата за починати се пријавени во период од 15.02. до 21.02.2022. Од починатите лица, 3 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата изнесува 8.968.