Се додека не се врати соодносот на власта и опозицијата во ова работно тело, претседателот на Собранието, Талат Џафери нама да ја свика Комисијата за прашањата на изборите и именувањата за утврдување на предлози на четворица уставни судии.
-Зошто Зендели си даде оставка од потпретседателското место во Парламентот? Бидејќи деловникот утврдува од чии редови се потпретседателите. Така е и во Комисијата. Укажувам на секоја координација да се врати соодносот, очигледно тоа го гледаат како дневно-политичка калкулација, и јас во тоа не можам да се мешам, но во крајна инстанца ја попречува функционалноста на Собранието и е спротивно на интересот на граѓаните-рече Џафери.
Тој вели дека секако ќе го спроведе Деловникот и ќе го поврати соодносот во ова работно тело иако тој не сакаше да каже дали ова значи разрешување на Зендели или пак назначување на нов член.
-Би било коректно да го направи тоа како што го направи како потпретседател на Собранието свесен дека тоа место не му припаѓа нему како потпретседател на Собранието, како што верувам свесно знае дека тоа место не му припаѓа нему како опозиција, не како Фадил Зендели, како опозиција статусно. Статусно местото не и припаѓа на БЕСА, а тој е пратеник на БЕСА во опозиција-рече Џафери.