Полицајците делат казни: Се претрчува низ улица кај ќе се најде место

од Берта Китинска
686 прегледи

Денеска (24.02.2022) во периодот од 11.00 до 16.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа изречени се 47 санкции. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, велат од министерството за внатреши работи.

Од МВР апелираат сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници.