Апасиев и Левица се проруска и антизападна структура и тоа не се крие, вели Маричиќ

од Берта Китинска
255 прегледи

Апасиев и Левица знаеме дека се проруска структура и антизападна структура и тоа не е сокриено и тие досега имаат направено се против интересите на државата во делот на С.Македонија да не стан членка, тоа не ме чуди, коментира вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во врска со Фејсбук статусот на лидерто на Левица во кој се прави споредба на конфликтот на Косово и сегашниот со Украина.

-Ако се сеќаваме меѓу Косово и Србија имаше подолго време конфликт кај нас имаше и бегалци. Проблемот на Косово траше подолго тој ескалираше 1998-1999 години и тогаш интервенираше НАТО, така што да се враќаме 20 години назад може да најдеме упориште и не може да правиме споредба помеѓу Косово и Украина, вели Мричиќ во „Само интервју“.