235
Утре, Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ, кој е во возвратна дводневна официјална посета на Северна Македонија.
-Во фокусот на средбата на министрите ќе бидат тековните состојби во билатералните односи, перспективата на европската интеграција на Западниот Балкан, соработката во рамките на регионалните иницијативи, како и конкретните форми за искористување на потенцијалите на секторската соработка. Во рамките на посетата се очекува да биде потпишана и Спогодбата за основање на културно-информативни центри во Скопје и Белград, информираат налдежните