Османи: Еден позитивен момент во оваа трагедија е дека сме членка на НАТО

од Берта Китинска
217 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 анализа рече дека амбасадата во овие тешки услови се обидува да ги услужи граѓаните кои не ја напуштиле Украина, а од денеска тоа ќе оди и потешко.

– Имаме неколку граѓани во други градови во Украина и сега е потешко, нема комерцијални летови. Тие со кои имаме комуникација се безбедни, им доставувме патни исправи, но нема начин како да ја напуштат земјата. Немаме информации дека некој е повреден. Мапиравме 100 граѓани таму, од кои некои се семејства на наши државјани, а 30 се во специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ и тие се под аранжман на генералниот секретаријат на ОБСЕ, 12 ја информираа амбасадата дека ја напуштаат земјата, рече Османи.

Тој напомена дека нашата земја е целосна вклучена во сите тела на Алијансата.

-Еден позитивен момент во оваа трагедија е дека сме членка на НАТО.Тоа е квалитативно голема разлика и во пристапот на информациите и одлуките кои се носат се засновани на навремени и квалитетни инфоемации.Целосно сме вклучени во сите тела на Сојузот и ја нудиме нашата котрибуција и во брзото донесување на одлуки и во солидализирање во мисиите кои ќе ги превземе Алијансата, кажа Османи.