На социјалните мрежи е објавено видео, на кое наводно се гледаат чеченски војници во руската армија кои се подготвуваат за молитва. Наводно, тие се наоѓаат на границата на Украина и Белорусија, а наскоро треба да се приклучат на нападите врз Киев.
На видеото кое беше објавено се гледа како војник кој учи „езан“. Зад него се десетици Чеченци во маскирни униформи, кои се наоѓаат во шумата, наводно на украинско-белоруската граница.
Потсетуваме, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров претходно изјави дека Украинците се измислена нација, како што рече рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров побара од Путин да го води нападот на Киев.
🔴 Belarus-Ukrayna sınırında konuşlu Çeçen asıllı Rus askerlerin, sınır hattından Ukrayna'nın başkenti Kiev yakınlarına sevk edilecekleri belirtiliyor. pic.twitter.com/HRcAqjOdPv
— Conflict (@ConflictTR) February 24, 2022