АТП без милост за Зверев, го чека драконска казна!

од Vladimir Zorba
505 прегледи

Германскиот тенисер Александар Зверев се соочува со тешка казна од АТП поради неспортско однесување на турнирот во Акапулко, што доведе до дисквалификација на олимпискиот шампион.

Како што се наведува, Зверев ќе биде казнет со 40.000 долари, а воедно ќе му бидат одземени и 30.000 од наградата што ја заработи во Мексико, што збирно значи дека „дивеењето“ во Мексико ќе го чини 70.000 американски банкноти.

Тоа не е се! Поените кои ги собра додека настапуваше оваа недела во Акапулко нема да бидат вклучени на неговото АТП конто, а најлошото сценарио би можело да биде суспензија на одредено време.

Зверев моментално е третопласиран на АТП листата, а колку тоа ќе влијае на настапот во Индијан Велс и Мајами кои се на програмата во март ќе видиме.

Индијан Велс започнува за помалку од две недели.

Слични содржини