326
По германски Шалке, и фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед го отстрани логото на рускиот спонзор, што практично долги години е заштитен знак на англискиот клуб. Германците тоа го направија со „Газпром“ ден претходно, а Јунајтед со руската национална авиокомпанија „Аерофлот“.
По девет години соработка, Јунајтед одлучи да ја прекине како одговор на руската инвазија на Украина.
„Аерофлот“ е спонзор на англискиот гигант од 2013 година.
– Со оглед на настаните во Украина, ги повлековме спонзорските права на „Аерофлот“. Ја споделуваме загриженоста на нашите навивачи ширум светот и им изразуваме сочувство на погодените – стои во кратката порака на клубот од „Олд Трафорд“.