Ставовите и мислењата на бизнис заедницата се наш приоритет. Министерството за економија е секогаш отворено за соработка со сите стопански комори, пред се кога се работи за мерки кои се во интерес и на компаниите, но најважно за граѓаните, објави вечерва министерот за економија, Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.
Тој ги повика претседателите на трите најголеми стопански комори во земјава на средба во недела во 11 часот.
-Во врска со последната Одлука која по предлог на Министерството за економија ја донесе Владата, а беше на барање на стиопанските комори за замрзнување на маржите на основните прехранбени производи сакам да ги поканам претседателите на трите најголеми Комори, господинот Бранко Азески од Стопанската комора на Македонија, господинот Трајан Ангеловски од Сојузот на стопански комори и господинот Неби Хоџа од Стопанската комора на Северопзападна Македонија на состанок во Министерството за економија во недела во 11 часот, стои во објавата на Бектеши.