Обраќање на Ковачевски: Безбедносната состојба е стабилна, нема директна закана за С.Македонија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
289 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во своето официјално обраќање до јавноста во врска со ситуацијата во Украина, изјави дека воената агресија на Русија против земјата, која веќе однесе многу човечки животи е чин кој силно го осудува.

– Тоа е кршење на меѓународното право и е закана за евроатлантската безбедност, вели Ковачевски.

Уште еднаш посочи дека заедно со сојузниците бара итен прекин на воените дејствија.

– 21 век треба да е век на дијалог, не на војни, истакнува премиерот и додаде дека во овие турбулентни времиња, безбедносната состојба е стабилна и во овој момент не постои директна закана за безбедноста на С.Македонија.