Во Македонија треба обединетост како нација бидејќи Македонија е земја создадена од жарот за слобода и правдини и затоа е поддршката за Украина, во Собранието треба да се донесе декларација за мир во Украина и заштита на нејзиниот интегритет, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан во Велес „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.
– Сите ние имаме одговорност пред самите граѓани, и затоа жалам навистина жалам, што не можам повеќе да сторам за да го спречам тоа што таму се случува. Кога би можел се би дал да ги убедам тие политичари кои денеска одлучуваат дали некои човечки животи ќе траат подолго, а некои пократко. Жалам што не сум толку моќен во геостратешка смисла да тоа го направам, но едно знам дека мора да им се даде шанса на мирот и дипломатијата, и дипломатските преговори и разговори. Бидејќи тоа е иднината за сите нас, рече Мицкоски.
Додаде дека имал состанок со амбасадорот на Руската Федерација во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, уште пред 20 дена и „гледајќи го во очи јасно му кажав дека го поддржувам територијалниот интегритет и суверенитет на секоја независна држава како што е Украина“, рече Мицкоски.