Финска и Шведска го затворија небото за авион на руската делегација

од Nikola Popovski
181 прегледи

Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, ја потврди веста дека Шведска и Финска го затвориле воздушниот простор за авионот на руската делегација што се враќал од Куба, иако летот бил однапред договорен.

„Стигнуваат прашања од новинарите: дали е вистина дека Шведска и Финска го затворија небото за нашиот авион? Да вистина е. Синоќа се вративме во Москва по официјалната посета на Куба и Никарагва“, напиша Володин на Телеграм.

Како што рече, рутата била однапред договорена, но европските земји одбиле да го пуштат рускиот авион.

„Тоа се случи кога требаше да влеземе во шведскиот воздушен простор“, објасни Володин.

Како што рече, имало доволно гориво, иако времето на летот е продолжено за 2,5 часа. Летот траеше вкупно над 17 часа.

Да потсетиме, бројни земји, меѓу кои Полска, Бугарија, Чешка. Летонија, Литванија и Естонија веќе го затворија својот воздушен простор за руските авиокомпании.

 

Слични содржини