Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара од странските граѓани ширум светот да се вклучат во војната против Русија.
„Претседателот на Украина Володимир Зеленски им се обраќа на сите граѓани на светот, пријатели на Украина, мир и демократија. Секој што сака да се приклучи на одбраната на Украина, Европа и светот може да дојде и да се бори рамо до рамо со Украинците против руските воени злосторници“, рече Зеленски во писмото објавено на претседателската веб-страница.
Како што истакна, странските државјани имаат право да се приклучат на вооружените сили на Украина според договор на доброволна основа.
„Согласно Уредбата за воена служба во вооружените сили на Украина од граѓани на нивните земји и лица без државјанство одобрена со Указот на претседателот на Украина бр. 248 од 10 јуни 2016 година, странците имаат право да се приклучат на вооружените сили на Украина за воена служба. Според договорот на доброволна основа да бидат вклучени во Територијалните одбранбени сили на вооружените сили на Украина“, се додава во соопштението.
Според него, се формира специјална единица составена од странци, наречена Меѓународна легија за територијална одбрана на Украина.
„Нема поголем придонес што можете да го дадете заради мирот“, заклучи Зеленски.