Пронајдена дрога во тетовско, приведени пет лица

од Берта Китинска
569 прегледи

На 27.02.2022 во 20.25 часот во с.Непроштено, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце ги лишиле од слобода А.С.(58), А.Б.(26), Ч.М.(21) и двајца малолетници, сите од с.Селце, тетовско. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал А.С., а останатите биле сопатници, биле пронајдени и одземени марихуана и остри предмети, информираат о МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.