Пресудите за Титаник се јасна потврда за злосторничкото здружение. За тоа како ја фалсификувале волја на граѓаните, за изборниот поткуп, злоупотреба на пари и институции, за незаконско финансирање изборна кампања, изјави портпаролка на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да поднесе оставка, заедно со неговиот Извршен комитет.
Станува збор за нереформирана партија, со истите луѓе кои биле дел од судските процеси, со судска пресуда за сторен криминал. Во Титаник обвинети се и други некогашни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски, додава таа.
Според Кузеска, во актуелното раководството на партија се „луѓето на Груевски“, како Александар Николоски и Владо Мисајловски.
Затоа Мицкоски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да се повлече. Правдата мора да надвладее, пред законите, мора сите да бидат еднакви, вели Кузеска.