Министерството за надворешни работи попладнево информира дека продолжуваат напорите за извлекување на нашите државјани од Украина.
-Навремено информиравме за влошувањето на безбедносната состојба со постојани апели за напуштање на Украина додека тоа беше сè уште изводливо, нешто што над 20 наши државјани го искористија. Воедно, информираме дека во моментот продолжуваат напорите за извлекување на нашите државјани од Украина. Во директен контакт сме практично со сите пријателски земји и сојузници, и во моментов тоа е врвен приоритет на Министерството, пишува во писмениот допис на МНР.
Од таму нагласија дека во Украина состојбите стануваат сè посложени, но информациите во моментот говорат дека ниту еден наш државјанин не е повреден, ниту се наоѓа под директна закана за својот живот.
-Информациите се менуваат од час во час, и истите во овој момент ниту од безбедносен, ниту од практична причина не можат да бидат споделени. Очекуваме поцелосна информација со завршување на денот и истите потоа ќе бидат објавени, додаваат од МНР.