Вечерва, Собранието на Република Северна Македонија, беше осветлено во една од боите на ретките, односно во сина боја, со што се приклучи на одбележувањето на Меѓународниот ден на ретките болести, а во знак на поддршка на преку 300 милиони лица кои живеат со некоја ретка болест.
-Собранието, како дом на граѓаните ја дава својата силна поддршка затоа што силно верува дека сите граѓани на светот имаат исти права на оваа планета и со заеднички труд на сите може да се промени многу, соопштија од собраниската-прес служба.