Македонското семејство со бебето oд Харков, тргна за Македонија

од Берта Китинска
325 прегледи

Семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100км од градот и е на пат да ја напушти Украина, информира mинистерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Тие со на безбедно и се во доба состојба. Очекувам во текот на денот да ја напуштат Украина и потоа со асистенција на нашата дипломатска мрежа, од соседството на Украина, ќе се воспостави нивниот транспорт до Скопје. Ова е најсложениот случај од процесот на евакуација. Продолжуваме понатаму во соработка со нашите партнери и сојузници, во обезбедување нови безбедносни коридори за евакуација на нашите граѓани од Украина, вели Османи.

Министерот посочи дека според информациите кои тие ги имаат, се очекува разгорување на воените дејствија во наредниот период, со што се отежнуваат околностите на терен, особено создавањето на безбедни коридори за евакуација на македонските граѓани. За да може да се извлечат, конвоите минуваат низ околни патишта, села и шуми за да ги избегнат главните улици поради ризикот.

Досега мапирале околу 100 македонски граѓани и нивни семејства. Од нив, околу 20 граѓани го искористиле првиот повик за напуштање на Украина пред започнување на воените конфликти, а откако започна воената инвазија извлекле уште 30-тина македонски граѓани преку безбедносни коридори кои биле создадени во соработка со пријателски држави.

Слични содржини