Ќе следат санкции: Некои од трговците сами ги повлекле продуктите за да ги вратат назад со нови цени

од Берта Китинска
376 прегледи

Министерот за економија Крешник Бектеши и уште еднаш апелира да не се крева паника меѓу граѓаните зашто ценовни шокови нема да има.

-Убеден сум дека, како со овошјето и зеленчукот чија цена е намалена, така ќе се случи и со другите производи. Инспеткоратот е на терен, очекуваме благо намалување на цените како што е предвидено со Одлуката, напомена Бектеши.

Тој напмена дека не е момент да се манипулира со цените и дека ќе следат казни за трговците.

-Некои од трговците сами ги повлекле продуктите за да ги вратат назад со нови цени. Тоа нема да дозволиме да се случи. Не е време да се шпекулира и манипулира со зголемување на трошоците. Трговците ќе бидат санкционирани. Тие трговци што мислат дека може да манипулираат со граѓаните и институциите – ќе бидат санкционирани, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Казните се до 10 илјади евра за оние што се одлучиле да ги повлечат продуктите за да ги продаваат со зголемена цена.